Времето ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, од пладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме, проследени со пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 км/час) и услови за изолирана појава на град.
Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 14, а максималната ќе достигне од 18 до 23 степени.
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди, во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 21 степен.
До четврток времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, проследени со пороен дожд, грмежи, силен ветер и услови за изолирана појава на град. Во петок и сабота ќе преовладува претежно сончево време, а од недела повторно се очекува дестабилизирање на времето.