Променливо облачно со појава на слаб локален дожд претежно претпладне во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринските температури од 2 до 10 степени, додека дневните од 8 до 18 степени.

Во Скопје променливо облачно со слаб ветер од јужен правец, максималната дневна температура ќе достигне 17 степени.

За време на викендот ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Од недела времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи со променлив интензитет од дожд, а од средината на неделата на високите планини од снег.