Во август 2021 година, пак, во однос на август 2020 година прометот бележи раст од 7,5 отсто.

Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во август 2021 година во однос на август 2020 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 39,8 отсто и Tрајни производи за широка потрошувачка за 16,5 отсто, додека опаѓање бележи кај Капитални производи за 4,7 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 8,6 отсто.

Прометот во индустријата во август 2021 година во однос на јули 2021 година е намален за 3,3 проценти.

Прометот во индустријата на домашниот пазар во август 2021 година во однос на август 2020 година е зголемен за 14,1 процент. Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар во август 2021 година, во однос на август 2020 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 16,3 отсто, Капитални производи за 26,4 и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 12,8, додека опаѓање бележи кај Tрајни производи за широка потрошувачка за 0,1 процент.

Прометот во индустријата на домашниот пазар во август 2021 година во однос на јули 2021 година е намален за 5,4 отсто, додека во периодот јануари – август 2021 година во однос на периодот јануари – август 2020 година е зголемен за 5,8 проценти.

Прометот во индустријата на странските пазари во август 2021 година во однос на август 2020 година бележи раст од 4,9 отсто. Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во август 2021 година, во однос на август 2020 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 49,7 отсто и Tрајни производи за широка потрошувачка за 29,8, додека опаѓање бележи кај Капитални производи за 5,3 и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 23,9 отсто.

Прометот во индустријата на странските пазари во август 2021 година во однос на јули 2021 година е намален за 1,8 отсто, додека во периодот јануари – август 2021 година во однос на периодот јануари – август 2020 година е зголемен за 25 проценти.