Ќе бидат промовирани четири изданија на Институтот, кој неодамна го прослави својот јубилеј, 40 години од своето постоење. Станува збор за научните дела „За песните и приказните” од Наташа Аврамовска, „Магичен реализам: нова објективизација на стварноста” од Јасмина Мојсиева-Гушева, „Античката литература во македонската културна средина (културно-општествени и преводни аспекти)” од Дарин Ангеловски и „Од Прличев до Конески” од Славчо Ковилоски.
За особеностите и вредностите на овие книги промотивни излагања ќе имаат Лорета Георгиевска Јаковлева, Соња Стојменска-Елзесер, Елена Џукеска и Марина Цветаноска, а модератор на средбата ќе биде Елена Кузманов.