Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска ќе говори на промоцијата на новата соработка со Clarivate – Web of Science, преку која сите јавни универзитети, МАНУ и Универзитетот на Југоисточна Европа добиваат бесплатен пристап до научните бази на оваа глобална платформа.
Претставници на Clarivate ќе ги презентираат можностите на „Web of Science“ пред академската и научната заедница во Македонија, со цел поголема достапност до светски релевантни истражувања и публикации.