Градоначалникот Тони Коњановски ја посети новооформената фабрика Брејнчајлд Продукција во битолската Индустриската зона, лоцирана кај старата фабрика на Битолатекс.

Од Општина Битола информираа дека Брејнчајлд Продукција е основана од страна на германски инвеститори, чија цел е да постават еколошко производство, базирано на рециклирани и одржливи материјали, или материјали кои не се штетни за животната околина, со што се намалуваат емисиите на јаглерод.

Брејнчајлд Продукција ќе користат обновливи извори на енергија, а главен фокус во производството се реквизити за спортови на вода но и други додатоци и аксесоари со водечки стандарди во однос на технологијата, квалитетот и ефикасноста.

Се очекува фабриката да започне официјално со производство кон крајот на оваа календарска година.