Специјалната единица Тигри го пронајде автомобилот марка БМВ, којшто вчера попладне по сообраќајна несреќа, падна во реката Лепенец, потврдуваат за ТВ 24 од МВР.
Засега нема информации што е со трите лица од семејството кои останаа заглавени во автомобилот.
Од вчера е спасен само 21 годишник, кој успеал сам да излезе од возилото и веднаш бил префрлен во Градската општа болница.
Според информациите, станува збор за семејство од Косово, односно татко, мајка и два сина. Помладиот син е на возраст од 16 години. Надлежните велат дека изчезнатите лица се бараат на неколку локации, се користат чамци и се бараат со дронови. Во акцијата учествуваат и полицајци и војници од Македонија и Косово.