Полициски службеници од Одделението за недозволена трговија при СВР Велес вчера околу 19:30 часот во Велес го лишија од слобода А.Н.(48) од Велес, затоа што кај него се пронајдени и одземени 18 пакувања со хероин.
Како што информира МВР, по целосно документирање на случајот против А.Н. ќе биде поднесен соодветен поднесок.