Министерството за внатрешни работи соопшти дека синоќа околу 20 часот и 50 минути, во тетовско Горно Седларце, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода С.Џ.(29) и М.Б.(20) од Тетово, затоа што при нивен и преглед на патничко моторно возило „фолксфаген туран” со тетовски регистарски ознаки, во кое се превезувале, била пронајдена бела прашкаста материја- кокаин.

Во истото време во Горно Седларце, како што посочуваат од МВР, лишени од слобода се и А.М.(41) од ова село и А.М.(29) од тетовско Боговиње.

При нивен и преглед на нивното возило „бмв” со тетовски ознаки, исто така, била пронајдена бела прашкаста материја. Четирите лица задржани се во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе бидат изготвени соодветни поднесоци, информираат од МВР.