Во Велес утринава е пронајден мртов маж во возило. Брзата помош констатирала смрт, а увид извршиле екипа од СВР Велес и јавен обвинител од ОЈО Велес.
– Денес во 9:10 часот на улицата „4- ти јули” наспроти местото викано „Авона” во Велес бил пронајден мртов маж. Била повикана Брза помош која утврдила смрт кај лицето В.Т. Екипата на Брза помош повикала полиција која направила увид на местото на настанот, вели во изјава за МИА Ристе Самарџиев од СВР Велес.
Со увидот треба да се утврди која е причината за смртта.