На 28.02.2022 во 21.35 часот на бул.„Партизански одреди“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.М.(23) од Скопје.

-Тој не застанал на даден знак за запирање и со возило „сеат алтеа“ без регистарски ознаки, кое го управувал, се обидел да побегне, но набргу бил фатен и кај него бил пронајден пиштол, информираат од МВР.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 396 од Кривичниот законик.