Телото испратено на обдукција, нема видливи траги на насилство
Во дом на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје денеска наутро бил пронајден починат маж на возраст од 45 години.
Од СВР Скопје информираат дека на 22 јануари 2026 година, во 08:37 часот, било пријавено дека во семејна куќа е пронајден починат П.Б. од Скопје.
Лекар извршил преглед и констатирал смрт, при што не биле забележани видливи траги на насилство.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција за утврдување на причините за смртта.
На местото на настанот увид извршила увидна екипа на СВР Скопје.
