Полицијата вчеравечер приведе 37-годишен битолчанец кај кого било пронајдена дрога.

– Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола, вчеравечер го лишиле од слобода Р. П (37) од Битола. При преглед кај истиот пронајдена е паковка амфетамин, соопшти МВР.

По целосно документирање на настанот против лицето ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.