Од МВР информираат дека синоќа нешто пред полноќ, во 23.50 часот, полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција – Гостивар на гостиварската улица „Карагач“ ги лишиле од слобода се М.Д. (19) од Гостивар, Ј.М. (20) од селото Речане и двајца малолетници на возраст од 16 и 17 години од Гостивар. При извршениот претрес кај нив е пронајдено извесно количество на марихуана.

Лицата се приведени во Полициска станица – Гостивар за понатамошна постапка. Од МВР најавуваат дека по документирање на случајот против нив ќе биде изготвена соодветна пријава.