Како што прецизираат, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола, по добиена судска наредба, денеска извршиле претрес во дом во Битола, кој го користи В.Б. (38), при што пронајдени и одземени се околу 70 грама кокаин и 70 грама марихуана, дигитална вага со остатоци од кокаин и други предмети.
Министерството за внатрешни работи информира дека против В.Б., по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
По добиена судска наредба е извршен претрес на дом кај С.К. во село Штрбово, при што е пронајдена марихуана.
Како што соопшти МВР, претресот е извршен откако претходно С.К. бил приведен во близина на туристичката населба Отешево затоа што кај него била пронајдена дрога.