Синоќа околу 23.00 часот во Општина Центар, полициски службеници уапсиле малолетничка од Скопје, затоа што кај неа била пронајдена и одземена марихуана.

Истиот ден и на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода 39 годишен жител од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На подрачјето на Гази Баба пак полициски службеници од ЕВР Гази Баба го лишиле од слобода Ј.А.(24) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.