17-годишна девојка е приведена вчера откако во ранецот кој го носела во училиште полицијата и пронашла марихуана. Била претресена во училишниот двор на гимназија во скопската населба Кисела Вода.

Во присуство на родител, адвокат и инспектор по малолетничка деликвенција со неа е извршен службен разговор во полициска станица, во која таа го појаснила делото.

Малолетничката е предадена на родителот, за случајот е известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок, информира МВР.