Кривична пријава за неовластено производство и пуштање на дрога

Криминалистичката полиција при СВР Битола поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Битола против Л.Б.(29) од Битола, поради постоење основи за сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

Имено, пријавениот подолг период нелегално набавувал поголема количина марихуана, која ја чувал во визба од зградата каде живее во Битола и ја препакувал за продажба на наркозависници на подрачјето на Битола.

На 21.02.2026, со судска наредба бил извршен претрес во домот и други помошни простории на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага.

Од страна на судија на претходна постапка, на Л.Б. му била определена мерка притвор во траење од 30 дена.