На местото „Змиите“ во атар на гевгелиското село Петрово вчера била пронајдена почината мигрантка.
Според соопштението од СВР Струмица, настанот бил пријавен вчера во 9 часот во Полициската станица во Гевгелија, а лекар од Итна медицинска помош од Гевгелија ја констатирал смртта кај мигрантката.
Бил извршен увид на местото од полицијата, а по наредба на јавен обвинител телото било предадено на обдукција