– Вчера во 06:00 часот на магистралниот пат во близина на селото Марвинци, во координирана акција на полициски службеници од Регионален центар за гранични работи Југ и од Полициска станица за граничен надзор Богородица било забележано товарно возило комбе „пежо боксер“. По запирање на возилото во него се пронајдени 32 лица мигранти, се наведува во соопштението на Министерството.

Известен е јавен обвинител, а по целосно расчистување на случајот против возачот ќе биде поднесен соодветен поднесок.