При контрола на товарно возило „ман“ со полуприколка „шмитз“, кое го управувал во правецот од Куманово кон Скопје, биле пронајдени 53 лица – мигранти, од кои 34 лица од Индија и 19 лица од Куба. Исто така, при контролата било утврдено дека на влекачот и полуприколката биле поставени регистарски таблици кои припаѓаат на други возила.
Мигрантите биле сместени во Тразитниот центар „Табановце“, а возачот А.Ќ. бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.