Четири гранати се пронајдени во Охридското Езеро кај Пештани.

Случајот бил пријавен на 15 февруари 2022 година во СВР Охрид.

-Од увидот извршен од стручен тим од Дирекцијата за заштита и спасување и полициски екипи, констатирано е дека се работи за две неексплодирани минофрлачки мини калибар 75 милиметри и 2 артилериски гранати калибар 122 милиметри по што се безбедно подигнати за натамошна постапка, соопшти СВР Охрид.