Синоќа околу 23.20 часот кај Градско во правец кон Гевгелија, полициски службеници се обиделе да запрат патничко возило „ауди”, со скопски регистарски ознаки, кое не застанало, туку ја зголемило брзината. Кај Прждевски надвозник удрило во службеното возило и запрело, а возачот избегал. Во возилото биле пронајдени 10 лица мигранти од Индија, кои се префрлени во Прифатно-транзитниот центар Гевгелија, појасни Додевски.
Извршен бил увид од увидна екипа од Полициска станица Неготино и јавен обвинител, по чии насоки возилото е обезбедено.
-По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок, додаде Додевски.