Полициските службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го привеле П.К.(31) од Скопје, бидејќи кај него биле пронајдени и одземени околу 400 грама кокаин, таблети и дигитална вага, информираат од Министерството за внатрешни работи.
-Претресот е извршен на две локации што ги користи тој, со претходна судска наредба, велат од МВР.
П.К. е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.