Во водите на Калиманско Езеро е пронајдено безживотното тело на 58-годишната Д.А. од Македонска Каменица, која претходно била евидентирана како исчезната, информираше Министерството за внатрешни работи.
По пронаоѓањето, смртта ја констатирал лекар кој утврдил дека на телото нема видливи траги на насилство. Безживотното тело е предадено на семејството.
Од полицијата потврдуваат дека за исчезнувањето на жената било пријавено претходно, а случајот понатаму ќе се обработува согласно надлежностите.