Полициски службеници од ОВР Крива Паланка денеска пронашле починато лице во близина на активен пожар во село Лозаново, во општина Крива Паланка.

Од Министерството за внатрешни работи информираат:

„Во присуство на јавен обвинител се врши увид.“

Истрагата е во тек, а надлежните институции ги утврдуваат причините за смртта и евентуалната поврзаност со пожарот.