На 03.12.2022 во 09.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Орман, скопско, во близина на реката Лепенец, на место викано „Лески“, било пронајдено тело на починато лице, информираат од МВР.

Полициски службеници извршиле увид, а по наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукција.