Во близина на Зрновска река, на локацијата викана Ѓошевски орев кај Зрновци, вчера било пронајдено женско тело во фаза на распаѓање, а надлежните институции засега не споделуваат дополнителни информации за случајот.
Од Обвинителството денеска информираа дека во моментов нема податоци кои можат да се соопштат во јавноста, додека постапката е во тек.
Министерството за внатрешни работи вчера официјално го потврди настанот, посочувајќи дека случајот бил пријавен во СВР Штип околу 10:40 часот, по што се преземаат мерки за негово расчистување.
Од Обвинителството соопштија и дека телото на починатата е предадено на обдукција, која треба да ги утврди причините за смртта.
Неофицијално, се шпекулира дека телото било пронајдено без одредени делови, но надлежните институции засега не ги потврдуваат овие информации.
