Пропадна обидот на Зајкова

Пропадна обидот на помалите партии за Македонија да биде една изборна единица. Претседателката на ЛДП, Моника Зајкова даде предлог да се смени изборниот модел, а да се гласа со отворени листа. Сепак, предлогот-измените на Изборниот законик, предложени од ЛДП, доби поддршка од само 19 пратеници од опозицијата.

  • Не е фер гласовите на околу 30.000 до 40.000 граѓани да одат во вода, само поради изборниот модел. Ова не е само политичка неправда, туку е уставна повреда на начелото за еднаквост на гласот – рече пратеничата Зајкова во образложение на законските измени.

Според Зајкова, демократијата ќе се унапреди ако постои можност граѓанинот да го бира директно својот пратеник преку отворени листи.

  • Има страв од отворените листи кај оние кои со години ја градат својата моќ на неотчетност, на контролирани листи – рече Зајкова.

ВМРО-ДПМНЕ бара вклучување и на дијаспората

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не гласаа „за“ за предлогот. Претседателот на партијата и премиер, Христијан Мицкоски денеска изјави дека тие поддржуваат изборите да се одржуваат во една изборна единица, а во неа да се влеваат и гласовите на дијаспората.

  • Ние сме за тоа да имаме една изборна единица и да може и иселениците да учествуваат во еден таков изборен процес. Да немаме трошоци, да немаме повеќе изборни единици… Да има една и во неа да се влеваат сите гласови – и на резидентното население, но и на онаа дијаспора којашто ќе сака да учествува – рече Мицкоски.

Претходно, тој ја даде оваа идеја.

Мицкоски фрли ракавица: Ајде да имаме една изборна единица, но да ја вклучиме и дијаспората

Албанските партии ја отфрлија иницијативата

Претходно од ДУИ истакнаа дека тие го поддржуваат предлогот за ваква изборна единица со отворени листи, но бараат да има изборен праг за избор на пратеници – 3% од регистрираните гласачи или 5% од излезените на изборите.

Зијадин Села пак, незадоволството го изрази велејќи дека Албанците не се застапени во источниот дел на државата. Погледнете ја целосно таа вест во продолжение:

„Албанците не се присутни во источниот дел од земјата“: Села против една изборна единица