Народната банка денеска соопшти дека продолжува трендот на намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити на годишна основа и оти во април годинава таа е на ниво од 4,30 проценти. Просечната каматна стапка, пак, на вкупните депозити изнесува 0,68 проценти.
-Во април 2022 година, просечната каматна стапка на вкупните кредити изнесува 4,30 проценти и е непроменета на месечна основа, додека на годишна основа е намалена за 0,28 процентни поени. Просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесува 0,68 проценти и бележи месечен и годишен пад од 0,02 процентни поени и 0,22 процентни поени, соодветно, стои во информацијата на НБ.
Во април, просечната каматна стапка на новоодобрените кредити е повисока за 0,23 п.п. на месечна основа и изнесува 3,98 проценти. На годишна основа, оваа каматна стапка е намалена за 0,11 процентни поени. Просечната каматна стапка на новопримените депозити, пак, изнесува 0,65 проценти и забележа месечен пад од 0,03 процентни поени., додека на годишна основа е зголемена за 0,03 процентни поени.
Каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата, во април, изнесува 5,09 проценти и на месечно ниво е намалена за 0,02 процентни поени. Падот се должи на намалените каматни стапки кај сите компоненти, и тоа: каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,03 процентни поени) и каматните стапки на денарските кредити без и со валутна клаузула (за 0,03 процентни поени и 0,02 процентни поени соодветно). Споредено на годишно ниво, каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата е намалена за 0,28 процентни поени.
Според НБ, во април, просечната каматна стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата, бележи месечен раст за 0,04 процентни поени. и изнесува 4,51 процент. Каматната стапка на вкупните депозити на домаќинствата, овој месец, бележат минимален месечен пад од 0,01 процентен поен и изнесува 0,67 проценти, а кај новопримените депозити е остварен месечен раст од 0,06 процентни поени и изнесува 0,69 проценти.
Од централната банка информиарат дела просечната каматна стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор во април е зголемена за 0,02 процентни поени и во споредба со претходниот месец и изнесува 3,45 проценти. Промената, појаснува НБ, се должи на повисоките каматни стапки на денарските кредити без и со валутна клаузула (за 0,03 процентни поени, соодветно), додека каматните стапки на кредитите во странска валута се намалени (за 0,03 процентни поени). На годишно ниво, оваа каматна стапка е намалена за 0,25 процентни поени.
Каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор, во април, бележи месечен раст од 0,32 процентни поени и изнесува 3,63 проценти.
Во април каматната стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор е пониска за 0,11 процентни поени во споредба со претходниот месец и изнесува 0,83 проценти. Тој пад се должи на намалените каматни стапки на депозитите во странска валута (за 0,29 п.п.), како и депозитите во денари со валутна клаузула (за 0,01 п.п.), додека каматните стапки на депозитите во денари без валутна клаузула се непроменети. На годишно ниво, оваа каматна стапка забележа пад од 0,36 процентни поени.
Како што навеудва НБ, во април, каматната стапка на новопримените депозити на корпоративниот сектор,
изнесува 0,52 проценти и бележи пад од 0,25 процентни поени на месечна основа.