Просечните каматни стапки на вкупните кредити и вкупните депозити во февруари бележат раст. Податоците на Народната банка покажуваат дека месечното зголемување на просечната каматна стапка на вкупните кредити во февруари изнесува 5 проценти, а на депозитите еден процент.

Просечната каматна стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор изнесува 4,63 проценти и е повисока за 0,03 процентни поени споредено со јануари. Кај каматната стапка на новоодобрените кредити има месечно зголемување од 0,03 ппроцентни поени и таа изнесува 5,22 проценти.

Kаматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата е непроменета во однос на јануари и изнесува 5,34 проценти. На годишно ниво, оваа каматна стапка е повисока за 0,20 процентни поени. Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити изнесува 5,18 проценти и бележи месечно зголемување од 0,37 процентни поени.