Проширувањето е важно за ЕУ како и за Западен Балакн

На Самитот на Европската политичка заедница во Тирана, високата претставничка на ЕУ за надворешни работи одржа говор. Каја Калас, изјави дека проширувањето е важно за земјите од Западен Балкан и за економскиот и глобалниот раст на Европската Унија. Албанија постигнува напредок во реформите за владеење на правото, што ја приближува до членство до 2030 година. Сепак, Калас нагласи дека Унијата мора да преземе чекори за да го забрза процесот.

Таа додаде дека постои политички моментум за проширувањето да се случи, што ќе ја зајакне позицијата на ЕУ како глобална сила. Албанија, според Калас, е на вистинскиот пат, но реформите мора да продолжат.

Санкции против Русија

Во врска со војната во Украина, Калас ја критикуваше Русија за несерьозност во преговорите во Турција, посочувајќи го ниското ниво на руската делегација. Таа изјави: „Русија игра игри, а светот мора да го види тоа.“ Европската Унија вовела 17 пакети санкции и работи на 18-тиот, а Патоказите за прекин на набавката на руски енергенси го спречуваат финансирањето на војната.

Калас повика на политичка изолација на Москва, со поддршка од САД, за да се постигне мир. Проширувањето е клучно, заедно со санкциите, за стабилност на ЕУ и регионот.