Денот на македонската полиција со силни пораки за правдата и редот
На одбележувањето на 7 Мај – Денот на македонската полиција, премиерот Христијан Мицкоски порача дека времето на непотизам, врски и неказнивост завршило, истакнувајќи дека во Македонија законот мора да важи подеднакво за сите – без разлика дали се работи за функционери, бизнисмени или обични граѓани.
„Ќе средиме“ и „ќе се јавам“ се изрази кои треба да останат во минатото. Полицијата мора да биде професионална, етичка и непоткуплива – таа е тука да го гони криминалот без разлика на неговата форма“, рече Мицкоски.
Инвестиции во технологија и достоинство
Мицкоски најави дека Владата ќе продолжи да вложува во полицијата – преку нова технологија, подобра обука и опрема, но и враќање на достоинството на полициските службеници. Според него, полицијата има „света мисија“ и треба да ја извршува со гордост и посветеност.,
Јанев: Не сме тука за да владееме, ние сме тука да служиме чесно и со интегритет
Тошковски: „Полицијата не е затворена институција“
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски истакна дека македонската полиција работи заедно со граѓаните, а безбедноста не е привилегија, туку темел на здраво општество.
„Полицијата ќе продолжи да се менува, да расте и да се подобрува. Целта ни е таа да биде симбол на редот и правдата“, рече Тошковски.
Погледнете го видеото во продолжение со инсерти од денешната церемонија:
„Адитиви“ и „Пулс“ – симбол на неселективна правда
Тошковски посочи на случајот „Адитиви“, во кој се пријавени 23 лица за злоупотреба на државни пари. Исто така, во акцијата од декември е разбиена опасна криминална структура инволвирана во осум убиства и закани кон затворски службеници.
Посебно внимание беше посветено на трагедијата во дискотеката Пулс во Кочани, каде што по истрагата на МВР се поднесени кривични пријави против 70 лица, меѓу кои и актуелни и поранешни министри, градоначалници и полициски службеници.
Јанев: „Функцијата не е штит, никој не е над законот“
Директорот на БЈБ, Александар Јанев, упати силна порака до раководните кадри:
„Функцијата не е штит – ние сме тука да служиме, не да се криеме зад значката. Верувам дека полицијата треба да биде чувар на државата, а не нејзин господар.“
Тој ги опиша полициските службеници како „тивки херои“. Според Јанев тоа се луѓе кои стојат меѓу опасноста и граѓанинот, често незабележани, но секогаш присутни кога е најтешко.