На социјалната мрежа „Твитер“, корисник со јузернејм @m0rban, објави фотографии на кои се гледа како Оливер Спасовски, братот на премиерот Вице Заев и други видни функционери од власта, седат на иста маса со, како што тврди твитер корисникот – „нарко-босовите од Грчец“ кои се предмет на истрага на полицијата и Јавното обвинителство овие денови.

Како што извести обвинителката Русковска, акцијата била компромитирана со тоа што главните „босови“ на криминалната група се побегнати, а тоа разбуди голем број на шпекулации дека тие имале претходна дојава од страна на високи функционери. Доколку фотографиите и лицата се покажат како автентични, не е ни чудно што се побегнати, кога на фотографиите кои датираат од не многу одамна, тие се во друштво на највисоките функционери на Владата и СДСМ.

Покрај добро познатите Вице Заев и Оливер Спасовски, на фотографиите во друштво на наводните членови на нарко-картелот може да се забележи и Драган Николиќ, кој е државен секретар во Министерството за одбрана.

Да биде иронијата уште поголема, се тврди дека наркобосот се сликал и со началникот на НТШ, одделение на МВР задолжително да се бори против трговијата со дрога.

 

Обвинителката Русковска, денеска на прес-конференција сподели повеќе детали од истрагата.