Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита денеска пред Министерството за здравство ќе го искаже незадоволството на медицинските лица поради тоа што не е потпишан анекс со кој ќе се овозможи да им се покачени платите.

Во анексот се бара корекција на коефициентите на вработените во здравството со различни износи, што би значело одредено позитивно придвижување.

Синдикатите информираат дека, и покрај протестите, нема да има застој во давањето на здравствени услуги на пациентите, но додаваат и дека доколку не се исполнат нивните барања, ќе се организира генерален штрајк во јавното здравство.