Се’ додека целосно не се изгасне депонијата Буково која претставува еколошка бомба и која со месеци неконтролирано гори ширејќи неподнослива миризба и чад,месното население од десетина села од охридско-преспанскиот регион,ќе го блокираат патот кон Буково со цел да ги спречат камионите да трупаат нови количини ѓубре.
Доколку во најкус можен рок не се дислоцира дивата депонија мештаните најавуваат тужби против државните институции, Ј.П.”Охридски Комуналец” и фирмата “Нефи ИК ”задолжена да ја одржува депонијата.
Ние бараме задолжително властите да превземат некаков чекор и да се ослободниме од сето што се депонира на ова поднебје, бидејќи еднакво сме сега сите загрозени, – рече Крсте Трачески од село Завој.
Депонијата Буково на која дневно се одлагаат околи 90 тони ѓубре а е пренатрупата и излезена надвор од сопствените граници, се наоѓа во регион богат со многу флора и фауна,подземни води и пасишта кои повеќе не се безбедни,добитокот угинува а изворот со чиста вода кој се наоѓал во непосредна близина,сега е извор на зараза.Мештаните тврдат дека депонијата која ги труе веќе 20 години го зема својот данок, ценат дека многу животи згаснале од канцерогени заболувања.
Ако таа нуклеарка што беше Украина не штетеше ова е полошо,и ќе кажат зелена екологија.Која зелена екологија, за 5 години издувните гасови во Македонија се помали него од еден ден чадот што го прави оваа депонија во Буково, вели Димитрија Трајкоски-село Илини Ресен.
Дивата депонија е еднаков оддалечена од Охридското и од Преспанското езеро и бидејќи е лоцирана во сливот на Коселска Река може да има влијанија и на површинските води и посредно на водите во двете езера.
Тоа е страмота, не знам што планират државава, дали планираат да не иселат од ова место да го направат само ѓубре.А овде има и извори подземни води, едните се вливаат во Охридско другите во Преспанско езеро.Преспанци пијат сите од изворот од Крушие вода, не знам тие како се чувствуваат, кажа Томе Стојчески –с.Крушие,Преспа.
Првиот човек на “Охридски Комуналец” вели дека единствено и долгорочно решение на проблемот е отворање на регионала депонија,а до тогаш морале да го одлагаат ѓубрето во Буково, оти немале друга солуција.Оваа дива депонија согласно препораките на Унеско требаше да биде дислоцирана до крајот на 2020-та година,но ништо од тоа.
Во деновите кога таа гори, посебно во вечерните часови и рано наутро, неподнослива миризба и чад се чувствува дури и воодредени делови на градот Охрид.