Денеска неколку лица протестираа пред Министерството за правда против извршителите. Бараат извршителите да го спроведуваат законот, пренесува TV21.mk.
„Извршителите и нивните поддржувачи не го спроведуваат законот за застарување на долговите излезен во ‘службен весник’, кој е во сила. Не само што не го спроведуваат законот туку бараат и да се стопира, велат организаторите на протестот.
Здруженијата „Човекот над профитот“, „Но Пасаран“, КСОМ и ПЦЕР се надеваат дека на овој начин конечно ќе им застанат на пат на извршителите кои досега одбиваа да ги стопираат постапките, со што според нив практично не ги почитуваат промените во Законот за облигациони односи кои се однесуваат на застарувањето на долговите.