Организаторката на протестот вели дека ова е само еден чекор за да известат околу моменталната состојба. Најавуваат и други мерки доколку надлежните власти не преземат нешто.
Угостителите од овој крај велат дека со ова се уништува туризмот. Стравуваат дека ако не бидат преземени итни мерки, никој веќе нема да сака да дојде да се напие кафе или на ручек во загадена средина и езеро кое „плива“ во отпадни води.
Маврово е прогласено за Национален парк каде покрај природните убавини, располага и со ски-центар и вештачко езеро. Овој локалитет е едно од најпривлечните туристички места како во зима, така и во текот на летото.