Маршевите започнаа на различни локации во Картум, од каде демонстрантите се упатија кон претседателската палата.
Протестите се одржуваат во услови на засилени безбедносни мерки, а интернетот е во прекин.
Војската во Судан се согласила да го врати соборениот премиер
Специјалниот пратеник на ОН за Судан, Волкер Пертес, ги повика безбедносните сили да ги „заштитат“ планираните протести и да се воздржат од апсење луѓе затоа што едноставно сакале да учествуваат на протестот.
-Слободата на изразување е човеково право. Тоа вклучува и целосен пристап до интернет. Никој не треба да биде уапсен за неговата или нејзината намера мирно да протестира, напиша тој на Твитер.
Минатиот викенд безбедносните сили насилно ги растераа демонстрантите кои се обидоа да организираат протест во близина на претседателската палата.
Илјадници луѓе беа убиени во задушувањето на протестите откако војската ја презеде власта.