Организаторите на протестот најавија дека владината одлука за сертификати за примени вакцини ќе ја дадат на Уставен суд, затоа што сметаат дека таа е нелегитимна и ги загрозува човековите права и слободи.

– Премиерот го однесе во мрак населението и не сака никого да слуша. Не се почитуваат нашите права и според Уставот ова е кршење на нашите права. Затоа, нема да дозволиме насилно да бидеме боцкани, а нема да дозволиме ниту нашите деца да ги вакцинираат, изјави Арианит Сламнику, еден од организаторите на протестот.

Тој најави дека жалбата против последните владини одлуки, од август годинава, за приложување ковид сертификати, негативни РТ-ПЦР тестови или докази за прележана зараза при учество во одредени јавни активности, ќе ја поднесат во Уставен суд во текот на утрешниот ден.