Како што јави дописникот на МИА од Софија, на лице место се уште има присуство на полиција и жандармерија.
Пред Амбасадата демонстрантите развиорија големо национално знаме и скандираа „Бугарија, Бугарија“. Сообраќајот во областа беше блокиран. Учесниците носеа транспаренти на претседателот Румен Радев, кој се кандидира за втор мандат. На еден од плакатите пишуваше: „Турција е опасен, нелојален и непредвидлив сосед“. Демонстрантите се обидоа да употребат јаболка и домати за да ја нападнат турската Амбасада.
Претходно денеска, како што потсети дописникот на МИА од Софија, вицепремиерот и министер за внатрешни работи Бојко Рашков изјави дека Турција отворено се мешала во изборите во Бугарија, а локалните медиуми отворено учествувале во кампањата од првиот круг на претседателските и парламентарните избори.
Потоа постојаниот секретар на бугарското Министерство за надворешни работи, Иван Кондов, ја повика амбасадорката на Турција во Софија поради мешање на нејзината држава во бугарските избори.