Демонстрантите фрлале камења и петарди и запалиле полициски автомобил, пишува BBC.
Стотици демонстранти се собраа да протестираат поради планот на владата дека само вакцинираните и граѓаните кои прележале коронавирус може да имаат сертификат за ковид, додека негативниот тест повеќе нема да се признава.
Холандија воведе тридневнен локдаун минатата недела бидејќи се зголеми бројот на нови случаи на инфекција.