Протестите на Србите незадоволни од влегувањето на новоизбраните градоначалници Албанци во општинските згради продолжија на северот на Косово.
Протестите се одвиваат без инциденти, откако во понеделникот Србите се судрија со членовите на КФОР, меѓународната воена мисија на Косово.
На социјалните мрежи се појавија повици до Албанците на протест и како што се наведува „марш кон север“ за 12 часа, а косовската полиција ги повика граѓаните да ги игнорираат.