Протестите во Приштина се заострија по денешната пресуда против поранешните лидери на ОВК во Хаг. Група демонстранти се врати на плоштадот „Скендербег“, пред зградата на Владата на Косово, каде што фрлаа камења и искршија неколку прозорци.

Претходно дел од демонстрантите протестираа пред седиштето на ЕУЛЕКС во Косово Поле, по што се упатија назад кон центарот на Приштина. Некои од нив носеле маски и фрлале камења и пред објектот на ЕУЛЕКС, а истото го повториле и пред косовската Влада.

Демонстрантите скандираат „УЧК, УЧК“, како и имињата на поранешните високи офицери на ОВК кои денес беа осудени. Пред владината зграда е распоредено засилено полициско обезбедување, вклучително и припадници на специјалните сили.

Специјализираните совети на Косово со седиште во Хаг денес ги осудија Хашим Тачи, Кадри Весељи, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими за кривичните дела опфатени со предметот.