Maкедонската репрезентација утре против Холандија ќе мора да биде без Томислав Јагуриновски кој се повреди вчера против Норвешка во поразот од 27:39.

Првите прогнози беа дека повредата на Јагуриновски на скочниот зглоб не е сериозна, но сепак дополнителните прегледи покажаа дека селекторот Лазаров нема да може да смета на него за утрешниот дуел. На местото на Јагуриновски повикан е Давид Савревски.

Савревски заедно со Цветан Кузмановски и Марко Кизиќ беа ракометарите кои отпаднаа за конечниот список, но беше највено дека ќе бидат спремни да заменат некого доколку има потреба.

Отсуството на Јагуриновски сигурно ќе биде хендикеп за нашата селекција, посебно затоа што вчера против Норвешка беше одличен додека беше на теренот.

Натпреварот против Холандија Македонија го игра утре од 18:00 часот, додека третиот дуел на првенството ќе го играме против Аргентина во вторник исто така од 18:00 часот.