Пожар на роденденска забава избувна од запалена прскалка, зафатена е сува трева на државно земјиште
Седумнаесетгодишно момче од Свети Николе, на роденденска забава, синоќа запалило прскалка. Од искрите што се појавиле, настанал пожар кој зафатил сува трева на државно земјиште.
Според соопштението од СВР-Штип, во 22:20 часот била пријавена случка во ОВР Свети Николе, каде 17-годишник, додека бил на роденденска забава кај другар, на балкон запалил прскалка. Пожарот потоа се проширил и зафатил трева на државно земјиште.
Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица од Свети Николе. Повредени лица нема. За настанот бил известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување.