Како што информираат од МОН, околу 19.000 деветодделенци се очекува да бидат дел од овој уникатен настан, чија основна цел е учениците навремено да се информираат за она што го нудат средните училишта во земјава, можностите за стипендирање, наставните програми, практичната настава, но и кои се придобивките и предностите од средното стручно образование.

Со Дигиталниот саем освен што се дава поддршка на учениците и нивните родители за изборот на професијата која е важна животна одлука, се поддржуваат и училиштата, но и домашните и странски компании кои на различни начини се директно вклучени во образовниот процес.

Дигиталниот саем е во организација на проектот Образование за вработување во Македонија и Македонскиот Центар за Граѓанско Образование, со поддршка од Министерството за образование и наука и Амбасадата на Швајцарија во Македонија.