Потврден е прв случај на морбили кај 13 месечно бебе од Свети Николе. Хоспитализирано е во Штипската болница. Ова за Макфакс го потврди Д-р Злате Мехмедовиќ.
„Вчера имаше официјална потврда, бебето е хоспитализирано пред неколку дена. Утре ќе се дискутира подетално за овој случај во Комисијата за заразни болести“, вели Мехмедовиќ.
Според Мехмедовиќ, детето не е вакцинирано, но мали се шансите да пренесе ситни сипаници, бидејќи не било во контакт со други деца.