Првите впечатоци од самитот Трамп – Путин покажуваат дека лидерите преку говорот на телата ја откриваат интеракцијата и расположението, иако температурата во Алјаска е само 13 степени
Во Енкориџ, Алјаска, каде температурата е 13 степени Целзиусови, првите впечатоци од самитот Трамп – Путин покажуваат дека говорот на телата е сè освен ладен, јавува CNN. Сликата од пистата е особено впечатлива. Рускиот претседател Владимир Путин, насмеан, ѕирка низ прозорецот на оклопната лимузина на американскиот претседател Доналд Трамп. Додека двајцата минуваат покрај низа камери на меѓународниот аеродром.
Додека Путин му се приближуваше на Трамп по црвениот тепих, американскиот лидер ракоплескаше неколку пати како гест на пречек. Бидејќи ова е првиот пат по една деценија што Путин стапнува на американска почва. Потоа, двајцата лидери се поздравија со ракување и заедно тргнаа кон лимузината на Трамп.
На состанокот, кој започна подоцна, и Трамп и Путин неколку пати се насмевнаа. Иако изразот на американскиот претседател беше претежно сериозен. Рускиот претседател, познат по тоа што често преку говорот на телото го открива своето расположение. Не ја користеше својата вообичаена поза на потпирање наназад во столот. Ппоза која поранешните американски претседатели ја толкуваа како знак на незаинтересираност. Покажуваат првите анализи за говорот на телата.
Овој пат, на самитот во Алјаска, Путин седеше наведнат напред во столот уште од почетокот на средбата, со скрстени раце. Во салата се слушаа кликовите на камерите, а новинарите поставуваа прашања на кои тој одбираше да не одговори.
Ова се само првите визуелни и дипломатски впечатоци од средбата. Но и од првите анализи на говорот на телата. Средбата според најавите ќе трае околу седум часа и се очекува да биде една од најдолгите директни средби меѓу двајцата лидери.
In Alaska, the body language is far from cold https://t.co/le26n4GGzr
— Tom Looby ☘️ (@mapocoloco) August 15, 2025