Сиљановска Давкова ќе ја посети базиликата Свети Климент каде се наоѓа гробот на Св. Кирил, а потоа и базиликата Санта мариа Маџоре каде се наоѓа плочата испишана на македонски јазик.

За време на престојот во Рим, претседателката ќе биде примена од претседателот на Италија, Серџо Матарела.

Останува единствено неодговорено прашањето дали Сиљановска Давкова ќе има средба или ракување со претседателот на Бугарија, Румен Радев, чие доаѓање во Рим е исто така најавено по истиот повод.

Извор: МКД.мк